Инфохилфе Плус ги нуди услужните дејности советување и преводи                                                       Импресум  |   ОУП  |   Контакт
                 
Импресум |  ОУР |  Контакт  |  Раб.места | Заштита на податоци
Почетна -> ОУР

Општи услови за работа (ОУР)

Овие општи услови за работа (AGB) важат за целокупната деловна кореспондеција на Инфохилфе плус, Ружица Тадич Tомаз, Адреса: Königstr. 71, 90402 Nürnberg (во понатамошниот текст под името „Инфохилфе плус„) со нејзините клиенти. Тие важат исто така и за идните бизниси.

Според тоа се противречи на отстапувањето од условите за работа на клиентите.

Надвор од условите за работа Инфохилфе плус признава само доколку јасно е договорено или е неприкосновено е наложено од законодавецот.

Општите услови за работа (AGB) се состојат од опши одредби (I.) како и посебни одредби за советување (II.), Преводи (III.), Толкување (IV.), лекторат, составување на текстови (V.) и за јазични и интеркултурни тртенинзи или одржување на семинари (VI.).

Клиентот може да ги види овие општи услови за работа на www.infohilfe-plus.com/agb.html, да ги отпечати или да побара да ги добие во писмена форма преку Е-Маил kontakt@infohilfe-plus.de

I. Општи одредби

§ 1. Општо

(1) Понудите од Инфохилфе плус во однос на цената, количината, роковите за достава или можностите за достава подлежат на промена.
(2) Условите на Инфохилфе плус се сметаат за прифатени, а противречните услови зa откажани, доколку во рок од три дена не ни се достави приговор во псмена форма со точно назанчен вид и обем на услов кој не се прифаќа.За очиглени грешки, печатни или грешки во пресметката давателот на налогот не може да изведува побарувања од страна на Инфохилфе плус.
(3) Условите за работа на давателот на налогот за Инфохилфе плус се обврзувачки само доколку Инфохилфе плус ги има писмено признато.


§ 2 Доделување на налог за работа

(1) Клиентот ги дава налозите писмено или во електронска или друга форма.
(2) Во интерес на по можност непречената заедничка соработка се превземаат налози и телефонски или на други неформални начини. Евентуалните проблеми кои можат да произлезат тука одат на штета на клиентот.
(3) Налогот за работа важи како доделен кога е потврден писмено од наша страна. При потврдувањето на налогот се одредуваат видот на бараната услуга, количината, термин на достава како и начинот на пресметувањето на цената.
(4) Инфохилфе не одговара за одолговлекувањата или недостатоците при изведувањето на налогот кои настануваат преку нејасно, неточно или непотполно доделување на налогот или грешки односно недоразбирања како резултат на погрешни формулирања.
(5) Кај советувања, толкување, поединечен јазичен коучинг термините можат да бидат откажани до 24 часа однапред. Подоцна откажаните термини ќе бидат наплатени.

§ 3. Извршување од страна на трето лице

(1) Инфохилфе плус смее да ангажира трето лице за извршување на налогот, доколку е тоа целисходно или потребно во вршењето на налогот. Притоа, Инфохилфе плус сноси одговорност само за внимателно направерн избор. Должноста за внимателноста при изборот значи во секој случај, дека при ангажирањето на трето лице се работи за експерт со кој Инфохилфе плус односно вашето познато претшријатие веќе имаат успешно заедно работено.
(2) Принципиелно деловната врска постои само помеѓу Инфохилфе плус и клиентот. Контакт помеѓу клиентот и третото лице кое е ангажирано од Инфохилфе плус, треба да биде одобрен.

§ 4 Плаќање и данок на промет

(1) Цените се во евро, освен ако не е договорено поинаку.
(2) Во случај на поголеми нарачки, може да се побара аванс или плаќање на рати според обемот на услугите.
(3) оговорените хонорари, респективно цени, се нето цени плус данок на промет, освен ако не е поинаку наведено.
(4) Фактурите до 200,00 € доспеваат за плаќање веднаш, без одбиток. Освен ако не е поинаку договорено, останатите фактури на клиентите треба да се платат во рок од 14 дена од денот на издавањето на фактурата. Доколку клиентот не ги исполни своите обврски за плаќање, Инфохилфе Плус може да бара обесштетување и/или да се повлече од договорот во согласност со законските одредби.
(5) Инфохилфе Плус секогаш издава фактура на клиентот и исто така може да ја испрати фактурата во PDF-формат преку емајл.
(6) Доколку клиентот ги промени или прекине нарачките или ги смени условите за давање услуги, истиот ќе ги надомести сите направени трошоци на Инфохилфе плус и ќе го ослободи Инфохилфе плус од сите обврски кон трети лица.
(7) Доколку клиентот се повлече од договорот пред почетокот на обработката на нарачката, Инфохилфе Плус може да побара адекватен дел од договорениот хонорар како такса за откажувањето.
(8) Расходи на трети лица, издатоци и трошоци треба да се надоместат на Инфохилфе плус одделно со поднесок на соодветни докази.

§ 5 Дефекти, виша сила, затворање и ограничување на работењето, мрежни и серверски грешки, вируси

(1) Инфохилфе не одговара за штети, предизвикани од дефекти во работењето, особено предизвикани од виша сила, на пр. природни појави и прекини на сообраќајот, мрежни и серверски грешки, какви било други нарушувања на линијата и преносот и други пречки за кои Инфохилфе Плус не е одговорен. Во такви исклучителни случаи, Инфохилфе Плус има право да се повлече од договорот целосно или делумно.
(2) Истото важи и доколку Инфохилфе Плус поради важна причина целосно или делумно мора да престане со работа особено со онлајн услугата или да ја ограничи за одреден временски период.
(3) Исто така Инфохилфе Плус не одговара за штети предизвикани од вируси. Со цел да се минимизира ваквиот ризик, Инфохилфе Плус користи антивирусен софтвер и истото го препорачува на клиентите.
(4) Во случај на испорака на документи во форма на датотека, клиентот е одговорен за финална проверка на пренесените датотеки и текстови. Не може да се признаат побарувањата за обесштетување во врска со ова.

§ 6 Одговорност и рекламации

(1) Инфохилфе плус не одговара за загубата на материјали предадени од клиентот, доколку загубата не е предизвикана од Инфохилфе плус. Клиентот мора да обезбеди соодветна заштита на неговите податоци.
(2) Инфохилфе Плус одговара само во случај на груба небрежност и предумисла; одговорноста во случај на мала небрежност се применува само ако се повредени основните договорни обврски.
(3) Доколку клиентот не поднесе писмени приговори веднаш, но најдоцна во рок од 2 недели (дата на примање од Инфохилфе плус), се смета дека услугата е одобрена. Во овој случај, клиентот се откажува од сите побарувања на кои може да има право поради можни недостатоци во услугата.
(4) Ако клиентот се жали на објективно постоечки и не само незначителен недостаток во рамките на овој рок од 2 недели, овој недостаток мора да се опише што е можно попрецизно, а на Инфохилфе плус прво треба да му се даде можност да го поправи. Ова исто така важи и за итни нарачки со многу кратко време на испорака. Ако поправката е докажано неуспешна, клиентот има право на намалување на цената или на менување. Понатамошните побарувања, вклучително и побарувањата за обесштетување поради неисполнување, се исклучени. Во секој случај висината на одговорноста е ограничена на вредноста на предметната нарачка.
(5) Сите побарувања за обесштетување кон Инфохилфе плус се ограничени на износот на фактурата (нето) освен ако со закон не е предвидено поинаку. Исклучени од ова ограничување на обесштетувањето се случаи, во кои штетата е предизвикана од груба небрежност или со предумисла. Нема одговорност за изгубена добивка или последична штета. Во секој случај, исклучена е компензација за последична штета како изгубена добивка.
(6) Изречно e исклучена регресна одговорност за побарувања за штета од трети лица.

§ 7 Заштита на податоци

(1) На клиентот му е познато и тој одобрува дека личните податоци кои се потребни за одвивање на налогот ќе бидат меморирани од Инфохилфе плус на носачи на податоци. Клиентот изречно се согласува со собирање, преработка или користење на неговите лични податоци. Се разбира дека меморираните лични податоци од страна на Инфохилфе плус ќе видат грижливо третирани. Собирањето, преработката или користењето на личните податоци на клиентот следи под внимание на Сојузниот закон за заштита на податоци (BDSG) и Законот за телемедиуми (TMG).
(2) Личните информации можат со претходно изрично одобрување на клиентот да бидат употребени и за информирање за продукти, маркетиншки мерки или други услужни дејности.
(3) Клиентот го има на располагање правото неговата согласност во секое време со делотворност во иднина да ја отповика. Инфохилфе плус е задолжен во овој случај веднаш да ги поништи личните податоци на клиентот. Доколку има склучено договор кој уште трае, поништувањето се врши по завршувањето на договорот.

§ 8 Чување на тајни

(1) Инфохилфе плус се обврзува да ги задржи во тајност сите податоци кои му се познати како резултат на дејноста која ја има извршено за нарачателот.
(2) Во однос на електронски испратените текстови и податоци као и секоја друга комуникација во електронска форма помеѓу клиентите, Инфохилфе плус и можните трети лица исполнители на налогот, Инфохилфе плус не може да гарантира апсолутна заштита на деловните и информативните тајни и другите поверливи податоци или информации затоа што не може да биде исклучено дека неовластени трети лица по електронски пат можат да имаат пристап до испратените текстови.

§ 9 Применето право и судска надлежност

(1) Деловните односи помеѓу Инфохилфе плус и клиентите подлежат на правото на Сојузна Република Германија со исклучок на Конвенцијата на ОН за продажба на стоки.
(2) Доколку е допуштено, за сите спорови за двете исклучиво е надлежен судот в Нирнберг, Германија.

§ 10 Салваторска клаузула

Овие општи услови за работа продолжуваат да бидат задолжителни и при правна неделотворност на поединечни точки.

(Посебните одредби се достапни само на германски јазик)

 

 

 

Инфохилфе ги крши јазичните, културните и економските бариери и ви го отвара патот кон целта.

Opći uvjeti poslovanja
     Импресум |  ОУП |  Контакт  |  Jobs | Заштита на податоци