Инфохилфе Плус ги нуди услужните дејности советување и преводи                                                       Импресум  |   ОУП  |   Контакт
                 
Импресум |  ОУР |  Контакт  |  Раб.места | Заштита на податоци
Почетна -> Советување -> Водење бизнис во Германија

Водење бизнис во Германија

Инфохилфе Плус ве информира и советува детално како да се излезе на германскиот пазар и таму успешно да се работи.

Начелно, за странските фирми во Германија важат воглавно германските прописи кои ги дефинираат условите и начинот на работа како и правата и заштитата на работниците на работата во Германија.
Доколку странското претпријатие во Германија врши дејност за кја според германсите прописи е предвидена лиценца, односно дозвола (на пр. лизинг на работнци, занаетчиски дејност како што е електроинсталација, прецизна механика, хидроизолација, односно пружа медицински услуги, даночни и правни совети итн.), мора пред вршењето на дејноста да добие лиценца, односно дозвола од страна на надлежниот орган.
Покрај тоа, странската фирма може да отвори работна единица, односно да основа фирма-ќерка, самостојно правно лице.

Задгранично работење во ЕУ и надвор од ЕУ

Фирмите кои се основани надвор од ЕУ го немаат истиот статус при работењето како и фирмите кои се основани во ЕУ. Фирмите кои се основани во некоја од земјите на Европската унија имаат пристап на пазарот за стока, работна сила и услуги во Германија под истите услови како и германските фирми. За останатите фирми пристапот до пазарот за стока, работна сила и услуги е отежнат. Тие мораат да сметаат на отежнати околности, како што се царина на стоката која потекнува односно се произведува надвор од ЕУ.

Притоа, фирмите од Европската унија имаат поедноставни постапки и олеснети услови за добивање на лиценца, односно дозвола за регулирана занаетчиска дејност на германскиот пазар доколку таа дејност ја вршат во матичната земја и/или во други европски земји.

Така, европските фирми можат да испраќаат работници за изведување на работи и без одобрување од страна на германската агенција за вработување според европските и германските прописи за испраќање на работници, односно на т.. н. деташирани работници. Но, српските, босанско-херцеговските, македонските и турските фирми можат да испраќаат работници за изведување на работи само во рамките на деташманот само со претходна согласност со германската агенција за вработување и тоа во склад со претходно склопените билатерални договори за вршење на работа во Германија.

Фирмите од другите земји немаат право да испраќаат работници за изведување на работи без претходно склопен билатерален договор.

Европските фирми можат повремено и привремено да вршат задгранични услуги и без отварање на постојана работна единица. Останатите странски фирми, доколку сакаат да вршат услуги во Германија мораат да отворат барем несамостојна работна единица. Воедно, европските фирми можат да позајмуваат работници на другите фирми во Германија ако поседуваат дозвола за изнајмување на работници од германска Агенција за вработување. Останатите фирми ја немаат таа можност.

Кадровски прашања
Барате нов работник во вашата фирма? Инфохилфе плус ви помага во обликувањето и објавувањето на огласи за работа, при собирањето и испраќањето на документите за кандидирање, при договарање на термии со заинтересираните кандидати и организација на разговорот за работа.

Бараме квалификувани технички работници за нашите клиенти. Контактирајте не со доверба. >> Контакт

Основање на фирма

Savjetovanje za TvrtkeСтранските државјани кои сакаат да основаат фирма во странство, мораат да почитуваат низа на законски прописи и формалности. Странските фирми, секако, имаат можност да основаат нови правни лица во странство. За таа цел мора да се почитуваат важечкитѕе законски прописи за основање на фирм,а. Притоа, многу е важно да ви се познати условите за да можете да се подготвите врз основа на нив. Како ваш партнер од доверба ви пружаме стручна помош при секој ваш чекор. Со нас ќе основате фирма во најбрз можен рок и по потреба да ги добиете сите потребни дозволи за обавување на саканата дејност.

Избирање на правната форма
Трговските друштва начелно можат да се поделат на две гранки: Друштво на лица и друштво на капитал. Кај друштвото на лица се работи секогаш за лична одговорност, додека таквата одговорност ја нема кај друштвата на капитал. Понатаму постојат и мешовити облици. Не постои правен облик на друштво кој би бил во секој случај идеален и целен. Притоа, за секој случај мора посебно да се се разгледаат вистинските и поривидните предности, како и виостинските и привидните недостатоци на секој правен облик, како би се избрал оној кој одговара. Ние ви пом,агаме да го одберете за вас оптималниот правен облик.

Испраќање на работници во странство / работен контингент / Деташирани работници
Испраќањето на работници на работа во странство од страна на фирмата стана веќе вообичаено. Таквата пракса има низа предности, но не е сосема без ризици, затоа што барањата на земјите примателки се многу различни и често многу бирократски, дури и во рамките на самата Европска унија. Испратените работници мора воглавно да бидат пријавени на царина ("Zoll"),, за исплата на нивната плата мора да се земе во предвид барем најмалата саатница ("Mindestlohn") за занаетчиската бранша. Доколку се работи за градежни работи, за градежните работници мора да се плаќаат доприноси во социјалалната каса во градежништвото ("ULAK", "SOKA-Bau").

- Држави на Европската унија
Начелно слободата на пружање услуги во Европската унија важи и за новите членки. За жал, пружањето на услуги на подрачјето на градежништвото (и сродните занаетчиски гранки), чистење и одржување на згради, инвентар и превозни средства, како о кај дејностите за внатрешно уредување важат преодните одредби кои можат да траат и до максимални 7 години.

- Држави надвор од Европската унија
Сојузна Република Германија има склучено меѓународни договори со следните држави надвор од Европската унија: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Турција со кои ангажманот на странските „работни бригади„ е ограничен на неколку контингенти.

Притоа многу е важно да ги знаете условите како би можеле да се подготвите за нив. Ние со задовоолство ви пружаме струќна потпора ако е потребно, при пријавувањето на работници на царината ("Zoll"), при поднесување на барање за ослободување од плаќање на градежен данок (односно добивање на "Freistellung"),, кај поднесување на барањети за проверка на обврските на плаќање на доприноси во социјалната каса во градежништвото ("ULAK", oдносно "SOKA-Bau"), при поднесувањето на барањето за добивање на потребните дозволи како што се "Ausnahmebewilligung-a" и сл.., односно пријави кај надлежната занаетчиска комора ("Handwerkskammer"), итн.

Информации за пазарот

Informacije o tržištuКако би можеле да ви ја пружиме оптималната поддршка како при проценувањето на вашите шанси на пазарот, како и излегувањето на пазарот,изработуваме за вашата фирма темелна анализа на пазарот и потенцијалот во склад со вашите потреби. Професионално ги бараме за вас саканите информации во склад со дадените параметри користејќи фи притоа сите постоечки бази на податоци, како и сопсдтвените извори. На тој начин во можност сте подобро да го процените вашиот потенцијал и вашите планови да ги прилагодите на посебните локални услови за работење.

Излегување на пазарот
Најдобар пат за отварање на нов пазар е барањето на соодветна партнерска фирма и контакт со лица. Од причини што добро ги познаваме посебностите на германскиот пазар и пазарот на Југоисточна Европа можеме да ви пружиме соодветна потпора. Нашите услуги се:

  • контактирање на адресата (без проверка)
  • проверена контакт-адреса
  • писмена кореспонденција со деловниот партнер
  • посредување кај деловниот партнер
  • индивидуално советување за пласманот на робата, односно услугата
  • поддршка при приговорите.

Преговарање при договарање на работи
Кока купувачите и продавачите не се доволно подготвени за преговарање при договарањето на работи, преговорите се сведуваат само на цена и достава.Одлучувачко за долга соработка не се состои само во тоа договореното да се одвива успешно, туку и колку е договореното долгорочно прифатливо за двете страни. Вие ги сакате најдобрите решенија и ние ве подготвуваме за тоа.

Правни и даночни информации
Со задоволство ви пружаме релевантни информации од подрачјето на трговското, трудовото, даночното и друго право, кои се од исклучителна важност за вашиот успех. Напоменуваме дека Инфохилфе плус не пружа правно и даночно советување, туку своите услуги ги ограничува на основни информации. Со задоволство ве упатуваме кај искусни адвокати и даночни советници, а по потреба ви нудиме и услуги на преведување.

Поддршка при поднесување на барање за добивање на дозвола
Ние ја застапуваме вашата фирма во сите приговори со надлежните институции или со други јавни и приватни тела како да е во наша сопственост. Ви пружаме стручна помош и во постапката за поднесување на барање за согласност, дозвола, одобрување и други потребни документи. Посебно се однесува на барањата кај надлежните занаетчиски комори ("Handwerkskammer") поради добивање на т. н посебна дозвола "Ausnahmebewilligung„, односно „Ausübungsberechtigung„ и при барањето за добовање на испитот за мајстор, односно добивањето на т. н "Meisterbrief".

Поддршка при декларација на производ
За да можат вашите производи да излезат на странскиот пазар мораат да бидат декларирани во склад со националните прописи на замјата за која станува збор. Ние со задоволство ви пружаме поддршка.

Саеми
Саемите и презентациите на претпријатието се моментално водечки маркетиншки инструменти на германските фирми-тоа го покажа студијата „Dialogmarketing Deutschland 2010“, која беше спроведена од Deutsche Post (Германска пошта). Подгответе се соодветно и оптимално за најважните саеми за вашата економска гранка. Што се треба да се земе во предвид? Кои се вашите цели? Инфохилфе плуса со задоволство ви пружа стручна потпора.

Организација на деловните настани
Вие сакате да организирате манифестација-семинар, презентација на продукт или фирма? Ние ви пружаме со задоволство потпора. Искористете го нашето богато искуство, знаење и способност при планирањето на деловните настани. Активно учествуваме во изработката на концепт и програма. Притоа ви нудиме придружба на деловните настани, која вклучува и преведувачки услуги.

 

 

Примери:

Вие барате работа во Германија?
Советување за вашите можности и перспективи. Изработка ма мотивационо писмо и СV.

Вие сакате да работите во Германија како подизвршител на работи?
Вие имате серифицирани стручни лица, добри препораки како во земјата така и надвор од неа? Ние ви помагаме да ја остварите својата цел. Ви помагаме при добивањето на потребните дозволи, при пријавувањето на работниците, како и при "Freistellung"

Вие барате квалитетни преведувачки услуги?
Кај нас преводите ги изработуваат стручни лица на кои целниот јазик им е мајчин.

Вие барате деловни партнери во Германија?
Ние ви помагаме во стратешко планирање и изработка на концепт.

Вие барате успех на германскиот пазар?
Услуги на деловното советување-Предности и недостатоци на задграничното работење.

     Импресум |  ОУП |  Контакт  |  Jobs | Заштита на податоци